Човечки леш бил пронајден вчера во близина на Горна Матка, на патот кон Козјак
-На 15.05.2020 околу 19.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје при вршење обиколка на место викано „Осој“, атар на с.Чајлане, покрај карпата во каменоломот кој се наоѓа на патот кон
резерватот „Јасен“ пронашле човечки череп. На 16.05.2020 од увидна екипа од СВР Скопје, во присуство на Јавен обвинител и лекар од Институтот за судска медицина и криминалистика бил
извршен увид на местото на настанот, а телото било ископано, подигнато и предадено за обдукција, соопштуваат од МВР.
