Во поголем број европски градови денеска се одржаа протести поради рестриктивните мерки воведени поради епидемијата со Ковид-19. Во Германија граѓаните воглавно протестираа поради рестриктивните мерки, но имаше и демонстрации на така наречените теоретичари на завера, противниците на вакцините, екстремните левичари и ултрадесничари.
Протести имаше во Берлин, Минхен, Штутгарт и во Хамбург, каде полицијата употреби солзавец за да ги раздели 800-те левичари и десничари, а приведени се неколку лица.
Activists Protest Against COVID-19 Restrictions in Berlin – Duration: 1:15:35. https://t.co/sEkocopBAS
— OccuWorld 🏴 (@OccuWorld) May 16, 2020
Во Берлин протестите ги разделувале 1000 полицајци, кои се обидувале да контролираат на едно место да не се собираат повеќе од 50 луѓе. Во Минхен полицијата ги разделувала демонстрантите, од кои многумина не носеле маски ниту држеле прописно растојание меѓу нив.
Corona-Protest eskaliert – Polizei-Einsatz bei Demo in Hamburg https://t.co/g7CDDMX95p… #END
— Barbara Santana (@Barbara96913515) May 16, 2020
Протестите во главно поминале мирно, освен во Хамбург, каде полицијата употребила солзавец за да раздвои 800 левичари и десничари, а неколку лица се уапсени.
Во Хамбург е одржан и протест против теорија на заговор, пренесе „Велт“.Во Штутгарт минатата ноќ непознати лица запалиле три камиони со техника за денешниот протест, а штетата е проценета на 200.000 евра.
Фото: DW