Македонија

Димитар Ќаев: Државата треба да ни ја водат професионалци кои нема да одговараат и да даваат отчет на партиските лидери, туку директно на граѓаните кои дале глас за нив

Интервју со Димитар Ќаев, „Македонски Концепт“ – Кандидат за листа на пратеници за ИЕ 4

Димитар Ќаев е дипломиран правник вработен како советник за правно катастарски работи при Агенцијата за катастар на недвижности –Одделение за катастар на недвижности Гевгелија. Завршил основно и средно училиште во Гевгелија и дипломирал на правниот факултет во Скопје, (отслужил воен  рок во бившата СФРЈ),волонтирал во Основниот суд Гевгелија две години за стекнување право на полагање на правосуден испит, а по волонтирањето се вработува во АКН-ОКН Гевгелија каде работи до денес и бил на раководно место Раководител на Одделението во Гевгелија во период од 2002-2003 и 2006-2010 .Одлично ги познава грчкиот јазик и бившите ЈУ јазици српско-хрватски, англискиот солидно, има солидно познавање и сертификати на полето на информатичката технологија.

ПОЛИТИКАКој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?

Димитар Ќаев: Во изминатите десетина години гледав, коментирав, дебатирав со пријатели, партиски неопределени или од разни политички партии, по што заклучив  дека на политички план во Македонија, ништо не се менува, освен тоа дека една партија си оди од власт, а по нејзините стапки доаѓа другата партија и го продолжува владеењето понатаму на идентичен начин. Единствената различност е во тоа што повремено, се појавува и по некое ново пред сѐ младо лице, кое повеќе или помалку се води и настапува од насоките на своите постари сопартијци. До овој момент, за мене немаше смисла, една изградена личност да биде дел од активниот политички живот, ако таа улога треба да биде приклучок-приврзок кон едната или другата партија и каде на никаков начин не може да придонесе кон некаква промена. Кога слушнав, прочитав и го следев развојот на МК Концепт како платформа, заклучив дека тука постојат можности, моите лични способности, идеи и мислења да ги презентирам слободно, и дека постои можност и реална шанса, тие да бидат прифатени. Да поедноставам, МК Концепт е во голема предност пред сите политички субјекти, и тоа во она основното, да бидеме или да изградиме НОРМАЛНА ДРЖАВА со искажување на вредноста на секој еден граѓанин, а која вредност не знаат да ја ценат досегашните партии на власт, кои го правеа тоа само од позиција на личен интерес. Време е, секој еден граѓанин да може да си го искаже своето мислење слободно, како во секоја една НОРМАЛНА ДРЖАВА. Сметам дека МК концепт е една реална политичка платформа, која споредена со досегашните политички фактори, претставува реална граѓанска опција, каде Граѓанинот е пред сѐ на прво место. Верувам дека доколку се одважи мнозинството од граѓаните, да мисли и делува слободно, ќе добиеме услови да створиме една НОРМАЛНА ДРЖАВА.

ПОЛИТИКАДали е ова Ваш прв политички ангажман?

Димитар Ќаев:  Политички ангажман од ваков вид со кандидирање за пратеник – ДА! Инаку, сум бил член во поранешната Демократска алтернатива во 1999 година, а подоцна и член на ВМРО-ДПМНЕ

ПОЛИТИКАШто според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?

Димитар Ќаев:  Пред сѐ, да се направи анализа што ни е потребно да опстанеме како НОРМАЛНА ДРЖАВА. Тоа ќе биде пресудното за иднината на државата. Правиме сѐ за да станеме членка на ЕУ и тоа може да биде пресудно за нашата иднина. Влезот во НАТО секако е дел од таа определба. Ако овие надворешни фактори се пресудни за етаблирање на меѓународен план, уште многу треба да сработиме за влез во ЕУ, а тоа зависи само од нас, од реформите во економијата и во правниот поредок.  Државата треба да ни ја водат професионалци кои нема да одговараат и да даваат отчет на партиски лидери, туку директно на граѓаните кои дале глас за нив; да се искорени сѐ она валкано од судството, да се врати во нормала интелектуалното ниво и да се ценат дипломите во вистинска смисла на зборот и од вистински факултети и универзитети. Таму се кадрите кои треба да ја водат државата! Да се инвестира во здравството со зголемување на примањата на медицинскиот персонал, а кое инвестирање може да биде пресудно за да не ни избегаат во странство и тие малку лекари што останаа во земјата. Уште многу други работи можат да бидат пресудни, а можеби најважна е ДОВЕРБАТА на граѓаните во оние кои ја водат државата, во оние за кои го дале гласот! Доколку погрешиле ќе нема НОРМАЛНА ДРЖАВА. Како што се гледа, довербата на граѓаните во партиите кои се менуваа во изминатите 30 години на власт, веќе не постои.

ПОЛИТИКАКои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?

Димитар Ќаев: Политичкиот фактор во државата треба да го расчисти своите редови со поставување на  вистински луѓе –професионалци, чесни, надвор од бизниси и секакви други интереси, освен оние за кои што се поставени како политички фактор ,а потоа, тие луѓе да си ја преземат одговорноста и задачите и да одработат во сите сфери од животот на граѓаните: економија, судство, здравство, образование, попис на население. Редно е да знаеме барем колку сме и кои сме, а не да гледаме со години наназад. Наместо да ни се случуваат разни политички „бомби без полнеж“, треба да ста рекети, јавни набавки, разнишано судство и пред сѐ сиромашни граѓани, треба да станеме опшетство со визија и јасна цел за иднината на идните поколенија. Ова, политичкиот фактор досега некако слабо го гледаше и некоја си таканаречена средна класа на граѓани во општеството веќе не постои. Денес имаме богати и сиромашни граѓани, или многу сиромашни и многу богати-тајкуни. Затоа ние е потребно преиспитување на богатството на многумина богати моќници, од каде толку пари кај нив и на кој начин се стекнати? Некогаш одамна, тој процес се викаше и функционираше како проверка на потекло на имот.

ПОЛИТИКАКоја компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?

Димитар Ќаев: Најголемо влијание има залагањето за НОРМАЛНА ДРЖАВА, потоа можноста за тоа да секој еден граѓанин се приклучи кон МК Концепт и со свои предлози, идеи, проекти, лично и слободно изразување, да придонесе за сѐ што носи подобра иднина за граѓаните; нешто што другите политички субјекти само декларативно го презентираат. Најавата за многуте промени кои ќе следат, од водењето на државата од страна на професионалци, до реформи во сите сфери од животот, и секако, за расчистување со сите оние кои несоодветно си ја извршувале, да не кажам, ја злоупотребувале политичката функција.

ПОЛИТИКАКако вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?

Димитар Ќаев: Промените ќе ги опфатат сите сфери од општествениот живот, вклучувајќи ја и сферата во која работам. Со оглед на мојот долг професионален стаж и работа со недвижен имот и познавање на состојбите, сметам дека можам со свои идеи, проекти и мислења да помогнам за подобрување на работата во повеќе сегменти, како во организациона смисла на локално и повисоко ниво, така и со давање помош на сите граѓани на кои им истата би им била потребна.

ПОЛИТИКАЗа што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?

Димитар Ќаев: Потребно е да на секое едно работно место се постави работник, кој има познавање од работата што му е доверена без оглед на нејзината тежина. Затоа треба да се внимава на кого му се доверуваат работните задачи, водени строго  според способноста, а не според дипломата, партиската припадност или роднинската врска. Затоа мислам, дека доколку имам прилика да направам нешто, би се фокусирал на тоа, работниците на функција, да не ја злоупотребуваат таа функција на сметка на останатите за свои лични интереси.

ПОЛИТИКАЗошто проекти?

Димитар Ќаев:  Проекти мора да има бидејќи преку нив се створи едно видување, што, како и кога треба да се реализира една идеја, мисла, укажување од луѓе кои се посветиле да изготват некое решение со кое ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните. Преку проектите полесно е граѓаните да се запознаат со сите решенија за различните проблеми или подобрувањата во сите сфери од животот,  кои доколку бидат прифатени и реализирани ќе бидат за доброто на сите во државата. Ако знаеме дека во изготвување на тие проекти, свој придонес ќе дадат многумина професионалци преку согледување од сите аспекти за реализација, тогаш успехот на секој проект е повеќе од загарантиран. Затоа нѝ се потребни проекти во сите области од животот, нивно презентирање пред граѓаните и секако прифаќање на истите за доброто на сите нас. Оттука ќе издвојам еден пример кој мене ми остави огромен впечаток: проектот ПРАТЕНИЦИ-ВОЛОНТЕРИ. Зошто да се наплатуваат огромни суми за плати на пратениците, и пред сѐ за нивните сметки од патарините, а знаеме дали воопшто било потребно требало да реализираат? Затоа нѝ требаат решенија со големо СТОП за сите неправилности кои ќе бидат опфатени и елаборирани во вид на ПРОЕКТИ.

ПОЛИТИКАОпишете ја Македонија за 5 години од сега.

Димитар Ќаев: Македонија со нови лица кои ја водат државата и кои ќе ја внесат во ЕУ! Добрососедство со сите земји од регионот. Почитување на сите националности, без “војна” меѓу политичките партии! Исчистена власт и администрација, од корумпирани државни поединци во било кој дел! Криминалци во затвор, напредна економија, намалена невработеност, и со помалку намери за мигрирање на Запад на сите оние кои и требаат на Македонија. Македонија со извршен попис на населението.

Едноставно, ја гледам како НОРМАЛНА ДРЖАВА. Држава на граѓаните, на сите оние кои живеат во Македонија.

фото: Македонски концепт

На почеток