Свет

Членките на СЗО ја поддржаа истрагата за реакцијата на агенцијата на ОН на пандемијата на новиот вирус

Членките на Светската здравствена организација, кои се 194, меѓу кои и САД и Кина, усвоија резолуција за независна проценка за реакцијата на агенцијата на ОН на пандемијата на новиот вирус, објави Макфакс.

Текстот е усвоен со консензус и предвидува што побрзо започнување на непристрасни, независни и целосни проценки на меѓународната акција преземена поради пандемијата, со цел подобрување на светските капацитети за превенција, подготовка и одговор на пандемијата.

Со таа проценка, чии детали се и натаму нејасни, би требало подобро да се проучат мерките кои ги презеде СЗО поради пандемијата на ковид-19 и нивната хронологија.

СЗО и генералниот директор Тедрос Ахан Гебрејесус се под постојан притисок на САД, кои ги обвинуваат за пристрасност во водењето на епидемијата во која досега починаа над 318.000 луѓе.

извор: makfax

На почеток