Смртта на Џорџ Флојд е предизвикана од срцев удар, завел во официјалниот патолог на округот Хенепин, откако била извршена конечната обдукција врз телото на Афроамериканецот убиен за време на апсење.
Во извештајот на др. Ендрју Бејкер се вели дека вратот на Флојд бил притиснат кога полицаецот Шовин го стегнал со коленото и го држел така повеќе од осум минути, но во заклучокот тоа не се споменува како директна причина за смртта. Семејството на Флојд финансираше независна обдукција, во која се наведува „задушување од постојан притисок“ како причина за смртта.
Во новиот извештај се наведува дека Флојд имал бројни модринки и исекотини на главата, лицето, устата, рамената, рацете и нозете, но нема докази дека било која од овие повреди била фатална. Последната обдукција покажала дека Флојд бил срцев пациент и страдал од висок крвен притисок и неодамна се тестирал позитивно на коронавирус, но без никакви индикации дека тоа имал каква било улога во неговата смрт, објави Канал 5.
Првичниот извештај од токсикологија покажал умерено ниво на фентанил и метамфетамин во телото на жртвата.
Поднесени се и нови обвиненија против сите четворица отпуштени полицајци кои биле присутни во моментот на убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис, објави главниот обвинител на Минесота.
Обвинението против Дерек Шовин е сменето од убиство од трет во убиство од втор степен. Полицаецот, кој му го притисна вратот на Флојд со коленото и го задави, претходно беше обвинет за убиство од небрежност и сега за убиство без умисла.
Другите тројца офицери се соочуваат со обвиненија за помагање и поттикнување убиство, објави Канал 5.
фото: Архива