Актуелно

Димитриеска Кочоска: Не можам да потпишам заем од 90 милиони евра врз основа на 2 листа хартија

Гордана Димитриеска Кочоска гостуваше во емисија  на телевизија Алсат каде што уште еднаш ја потенцираше причината зошто не го потпиша заемот од 90 милиони евра од Светска банка. Таа истакна дека не може проектно финансирање да се базира на 2 листа хартија како што вели таа, 1 од министерство за здравство, 1 од министерство за труд и социјала. Кочоска посочи дека кога се работи за проектно финансирање  потребно е да се има јасни пресметки врз основа на кои ќе се бара заемот.

„Јас имав неколку разговори со светската банка, тука не станува збор за некоја блокада која Гордана ја има кон Светска банка бидејќи знаете еден ден пред овој кредит да биде доставен до мене имаше друго барање упатени, тие 50 милиони евра кои што беа наменети за стопанството и ги потпишав без никаков проблем бидејќи таму беа јасно наведени критериумите под кои ќе се врши исплатата на тој кредит. Во конкретнава ситуација ние збориме за проекто финансирање. Проектното финансирање е разговорано помеѓу светската банка и ресорните министерства тоа се труд и социјала, здравство и тука било вклучено и министерството за финансии и сето тоа се случувало 1 месец пред да ми биде доставен документот до мене. Документот беше доставен до мене на 28 април притоа кога го доставија документот имаше 1 ливче од труд и социјала за 54 милиони евра и исто така 1 ливче од здравство за 34-те милиони евра кои што им се потребни на нив. Тоа беше и причината зошто јас побарав дополнително образложение за што ќе се трошат парите. Светската банка можеби знае, но јас не знам. И тука беше потребно повторно ќе напоменам зборуваме за проект, проектно финансирање и кога имате проектно финансирање треба да имате јасни пресметки за што ги барате средствата“, истакна Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска истакна дека соседна Србија добила заем со многу поповолни услови од Република Македонија. Говорејќи за еврообврзницата таа посочи на каматната стапка, односно цената на обврзницата за Македонија изнесува 3.165 додека за Србија  истата изнесува 3.675 проценти.

„Да не заборавиме дека каматната стапка всушност е довербата на инвеститорите во нашата земја. Колку е таа повисока толку довербата на инвеститорите е помала. И сега ако во 2018-та во време на Тевдовски имавме најниска камата, а сега повисока и полоша од Србија треба да одговори господинот Битиќи. Од каде толкава недоверба на инвеститорите за година ипол или две години од издавањето на претходната еврообврзница“, појасни Димитриеска Кочоска.

„Во однос на тоа дали е задоцнет многу пати сум дискутирала и ја имам информирано јавноста дека јас уште на 24 март јас побарав ребаланс на буџетот, но факт е дека истиот се случи многу подоцна. А сега да видиме од апсект на она што се случувало со ребалансот и дали е во ред проекцијата која што е направена.  Само за месец мај по првиот основен буџет, вкупните даночни приходи зборувам сега за данок на добивка, персонален доход и доход на ДДВ беа планирани 7,5 милијарди зборувам за месец мај. Со ребалансот 6,5 милијарди денари се предвидени, а за месец мај имаме остварено 4,3 милијарди односно 67 проценти во однос на планираното. И притоа околу 343 милиони денари, последната недела што требаше да се направи поврат на ДДВ не е направен. Ако го одземеме од од овие 4 милијарди и 300 милиони ќе дојдеме на 4 и ќе видиме колку ние имаме остварување. Значи во период кога се спрема ребалансот ние имаме комплетно погрешна проекција. Сега да гледаме што ќе се случува до крајот на годината. Во период од јануари до мај по основ на вкупните даночни приходи се 73 милијарди или тоа е 8,9 проценти помалку во однос на минатата година. Тоа е тоа што го кажа истото и министерката за финансии во неделата. Доколку пресметаме уште колку средства ни е потребни да ги собереме почнувајќи од јуни до крајот на годината за да стигнеме до оние 196 милијарди ребалансиран приход нас ни требаат уште 123 милијарди средства кои што треба да бидат приход, во суштина за буџетот. Исто толку сме собрале и минатата година. Јуни месец собираме приходи за мај, во мај имавме затворени еден куп субјекти, ситуацијава гледаме дека не стивнува, јас не знам како овој ребалансиран приход ќе го оствариме“, нагласи Димитриеска Кочоска.

фото: Архива

На почеток