Денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, претежно во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната од 22 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и то температура до 26 степени.
Под влијание на влажен бран кон крајот на денот во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а в сабота ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи.
фото: Архива