Христијан Мицкоски најави повлекување од кормилото на ВМРО-ДПМНЕ ако не победи на годинешниве парламентарни избори и ако не направи Влада. Сепак, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, тој потенцира дека е уверен во победа.
„За мене постојат два услови. Едниот е да победиме и вториот е да направиме Влада. Така што и двата услови не се условени. Доколку во кој било од двата не успеам, да – јас ќе се повлечам. И тоа сум го кажал досега“, истакна Мицкоски.
Мицкоски и покрај тоа што вели дека и тој би сакал веднаш да се договори терминот за одржување избори, додава дека тоа е невозможно во овој момент поради големите бројки на новозаразени со ковид-19 во земјава.
фото: Архива