Македонија

Жител на гостиварско Чегране под истрага за обид за убиство на соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Чегране поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничениот 33-годишник, на 4 јуни на улицата „Илинденска“ во Гостивар, во близина на бензинска пумпа, се обидел да лиши од живот друго лице, исто така од селото Чегране. По претходен меѓусебен договор да се најдат на наведеното место, двајцата започнале меѓусебна вербална расправија, по што осомничениот извадил нож од џебот и му задал два удари на оштетениот – во пределот на рамото и во задниот дел на главата, нанесувајќи му тешки телесни повреди. По настанот осомничениот се упатил кон полициска станица, каде што сам се пријавил како сторител нa делото. Поради сериозноста на повредите, оштетениот е префрлен од Ургентниот центар во Гостивар во Клиничкиот центар во Скопје.

Со оглед на тоа што постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците како и основан страв осомничениот да се обиде да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка притвор.​

фото: Архива

На почеток