Свет

Денеска ќе биде погребан Афроамериканецот Џорџ Флојд

Во Хјустон денеска ќе биде погребан Афроамериканецот Џорџ Флојд, чие убиство во полициска акција во Минеаполис предизвика протести во САД, но и во светот.

Предвидено е неговото тело да биде јавно изложено шест часа, на комеморацијата во Хјустон, по што ќе биде погребано, пренесе АП.

Флојд почина на 25 мај за време на апсење, кога полицаец со колено го притисна на вратот и го држеше 8 минути, а неговата смрт предизвика протести против расна дискриминација и полицисКА бруталност во САД и светот.

 

На почеток