Во Охрид има нови шест случаи на заразени од коронавирус, односно 20 активни случаи. Досега, во градот имало вкупно 37 случаи на луѓе заразени со вирусот.
Инаку, најмногу заболени има во Скопје-67, а потоа, Штип-33, Куманово-1, Дебар-1, Тетово-10, Струга-5, Охрид-6, Кочани-2, Пробиштип-2.
Направените 702 теста се преку: ИЈЗ –440 , ЦЈЗ Скопје-24 , Авицена –0 , Биотек – 0, Жан Митрев (Филип Втори) –91 , Систина со PCR метода –66 и МАНУ -81 . Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19.