Македонија

Васев: Мицкоски и Чулев свесно го рушат системот за заштита од коронавирусот

Целата јавност деновиве ја гледа неспособноста и неодговорноста на Наќе Чулев и неговите кадри. Советникот на Чулев јавно призна дека заедно со Христијан Мицкоски ги прекршил мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот, истакна Стефан Васев од СДСМ.

Ако наводно Мицкоски не ги знаел протоколите, тогаш Љупчо Андоновски сигурно ги знаел и наместо да му укаже на Мицкоски, тој му се придружил и свесно ги прекршил забраните.

Токму Андоновски треба да биде прв кој ќе внимава дали се почитуваат мерките, а не да биде прв кој истите ќе ги прекршува.

Таквото однесување е опасно по јавното здравје, колку што е опасно и неработењето на Наќе Чулев.

Во текот на викендот, очевидци и медиуми забележаа масовни прекршувања на полицискиот час и забраната за движење.

Сарај, Аеродром, Чаир, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Тетово се само дел од општините и каде масовно се прекршуваше полицискиот час додека полицијата на Чулев не презеде ништо.

Наместо да спречува, полицијата на Наќе Чулев со своето неделување поттикнуваше прекршување на забраните за движење.

Мицкоски, Чулев и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ свесно го рушат системот за заштита од коронавирусот и предизвикуваат негово натамошно ширење.

Уште еднаш се докажа – Чулев е најнеспособниот министер за внатрешни работи. Нему му е поважно да ги брани прекршоците на неговиот шеф Мицкоски отколку да воспостави ред во почитувањето на мерките и задолженијата.

Таквиот несериозен и незрел однос е закана по здравјето и сигурноста и најмалку што може тој да стори е да поднесе оставка веднаш, истакна Стефан Васев од СДСМ.

На почеток