Македонија

Скандалозно барање: Османи сакал владина комисија да ја преиспита работата на Инфективната клиника и ГОБ „8 септември

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи побарал Владата да формира посебна комисија за да го испита работењето на Инфективната клиника и на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, оти како што кажал, „многу луѓе умирале“, дознава САКАМДАКАЖАМ од владини извори кои биле присутни на состанокот што вчера преку конференциска врска се одржувал меѓу Кризниот штаб на Владата и Комисијата за заразни болести.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој на состанокот седел од страната на колегите лекари, бурно изреагирал на овој предлог на Османи, бидејќи сите лекари што се членови на Комисијата за заразни болести биле исклучително навредени.

„Лесно е да се соли памет кога се седи во фотелја далеку од ризикот за зараза со коронавирус“, раскажуваат изворите на САКАМДАКАЖАМ.МК за реакцијата на лекарите.

 

На почеток