Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева го изгуби и нејзиниот татко, Костадин Делиџаков кој беше долгогодишен судија. Таа денеска со полициска придружба била спроведена да присуствува на погребот во Гевгелија.
Екс-шефицата на СЈО во домашен притвор ја затекна и смртта на нејзината мајка на денот кога беше уапсена минатото лето на 20 август, кога исто така од обвинителот и беше дозволено да оддаде последна почит.
извор: Фактор