Свет

(Видео) Полицијата во Атланта застрела Афроамериканец кој се спротивстави при апсење

Американската полиција уби уште еден Афроамериканец, 27-годишниот Рајшард Брукс.

Полициски службеници во Атланта пукале и го убиле 27-годишниот Афроамериканец, откако го пронашле како спие во близина на авто-пункт на еден ланец за брза храна.

Полицијата добила повик бидејќи неговиот автомобил го блокирал преминот на другите возила. Откако го тестирале за алкохол, било јасно дека тој е под дејство.
Во полицискиот извештај се наведува дека дошло до турканица, поради што еден од полицајците извадил електричен шокер.

За време на пресметката, Брукс го грабнал шокерот, по што полицијата го застрелала.

На почеток