Членовите на „Централен комитет“ на ВМРО ДПМНЕ вечерва заседаваат во „Палата Христо Татарчев“ ( популарниот Бев Дворец ) во Скопје. Состанокот е закажан и се одржува со физичко присуство на членовите во салата каде партијата одржува прес конференции. Состанокот почна во 18 часот и сеуште трае, а за разлика од порано фотографии на социјалните мрежи до овој момент не се објавени.
„ На состанокот не присуствуваат членовите на Извршниот комитет, а кои секогаш редовно во нормални услови присуствуваа. Со нив би биле над 140 лица, а вака бројот на присутни е напола помал. Дополнително, салата каде се одржува состанокот е преградена со параван, кој за поголеми потреби се отвора и се добива трикратно поголема површина, па преполовениот број на присутни и поголемиот простор обезбедува можност да се запазат условите за безбедност и растојание“ – брифираат за „Скопје1“ од ВМРО ДПМНЕ.