Македонија

Мијалков негира дека се случил инцидент во кој учествувало неговото обезбедување

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, демантира дека синоќа се случил инцидент во ресторанот „Дистрикт“ во кој наводно учествувало неговото обезбедување.

– Од некои медиуми прочитав за наводниот инцидент кој се случил синоќа во ресторанот „Дистрикт“, и можам да кажам дека станува збор за чиста измислица. Манипулација подготвена од поединци кои веројатно не се способни за ништо друго. Најостро ги демантирам сите лаги дека воопшто сум бил присутен во ресторанот и дека јас или некој од моето обезбедување учествувале во каква било физичка пресметка. Тоа што мене ме загрижува е медиумскиот простор кој се одвојува за ваквите лаги. Тоа покажува дека одредени медиуми воопшто не ги интересира вистината и професионалното работење. Напротив, слепо се извршуваат нарачките на одредени центри кои се јасно анти НАТО и анти ЕУ поставени – вели Мијалков.

Тој побара извинување од Љупчо Палевски кој преку Фејсбук објави за наводниот инцидент и од чиј пост неколку медиуми ја пренесоа информацијата.

Инцидентот го демантира и Зоран Милески Кичеец кој посочува дека бил во Мериот но дека не се случил инцидент.

фото:Архива

На почеток