Македонија

Насковски: „Македонски концепт“ ќе одлучи кој ќе ја формира идната Влада

Македонски концепт не е политичка партија, туку платформа за обединување на индивидуалци, реализирани личности во својата област. Обединува невладини организации и партии. Во моментов една партија застана зад нас, тоа е СДУ од Скопје. Разговаравме со повеќе политички партии но имаа некои барања што за нас не беа прифатливи. Ние на овие избори ќе настапиме со граѓански листи. Имаме луѓе професори на Универзитет, дипломати, луѓе кои работат во јавниот сектор, не има од сите бранши. Тоа е така бидејќи знаеме дека само народот може да и се спротистави на мафијата, рече Насковски Стево, носител на ИЕ 5 од Македонски концепт, објави Поглед.мк.

Ќе гледаме многу валкана кампања. Ќе гледаме многу бомби, но и ние имаме свои бомби. Тие бомби се проекти со кои сакаме да го подобриме животот на граѓаните. Би наброил дел од проектите: Имаме закон за финансиска лустрација, сите олиграси и бизнисмени ќе треба да покажат од каде им е имотот кој што го поседуваат. Политиката воопшто кај нас е разбрана како бизнис, а не како служба на граѓаните. Многу политичари од одреден сталеж во општеството станаа енормно богати, па во тој дел ќе треба да докажат од каде им е потеклото на имотот. Ќе има електронски надзор за трошење на парите од страна на фунцкионерите. Ќе се воспостави систем каде што граѓаните ќе можат да го следат трошење на секој функционер во државата. Ќе се донесе закон за регистрирање на дејноста, бидејќи борбата со сива економија мора да запре. Воедно имаме проект „Факторинг“ во делот на наплата на доспеани фактури. Во овој дел станува збор за продажба на долгот кој го имаат компаниите на „Факторинг компании“. Имаме проект партнерство со младите – секој кој има бизнис идеја да биде поддржан од државата.

Најголем проект е „обештетување на граѓаните“. Сите граѓани кои се жртви на транзицијата, од 90-та година до нашето стапување во Влада, кои доживеале некаква неправда, дали станале стечајци, дали мафијата им го презела бизнисот, кои треба да бидат обештетени од државата.

Едно од прашањата е што очекуваме по изборите – во однос на бројот на гласови СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат пата-пата, а ние од Македонски концепт очекуваме 3 до 5 пратеници и ние ќе бидеме тие кои ќе одлучиме за тоа кој ќе ја формира идната Влада, рече Насковски Стево, носител на ИЕ 5 од Македонски Концепт.

извор: Поглед.мк

На почеток