Коментари

ФБ статус: Смешно е да се зборува за било каква доверба во правда во Македонија со овие судии и обвинители

ФБ статус на Ирена Стериовска, граѓански активист:

Правосудне пичкематерине

Глупост е да се каже дека после оваа пресуда е вратена довербата во правосудниот систем во Македонија. Уште поголема глупост е глупост после сите овие години политичарите да се вечно виновни за немањето на интегритет на цела една фела. Всушност ем е глупо ем е опасно бидејќи така очекувањето и притисокот од јавноста не е насочен кон оние чија работа е да покажат достојност и интегритет во секакви услови. Па нели тоа е премисата, “ правдата е слепа” а сепак нашишиве судии и обвинители се и тоа како “опулени”.

Нека бидат политичарите најлукавите компромитатори, сепак судии и обвинители прифаќаат мито, судии и обвинители тргуваат со влијание, судии и обвинители дозволуваат да бидат компромитирани било од страв, инерција или лукративни причини. Одговорноста е дотолку поголеми бидејќи политичари ги поставуваме ние граѓаните и ако згрешиме “пу ј’зк” за нас но обвинители и судии си имаат свои тела у кои ние немаме никаков пристап и било кој политичар да дојде на власт истата правосудна машинерија ќе ги понуди своите услуги исто како и до сега. Смешно е да со зборува за било каква доверба во правда во Македонија со овие судии и обвинители и без сериозна реформа во начинот на кои тие се избираат.

фото: Фб Ирена Стериовска

На почеток