Скопје

Приведена осуденичка барана со потерница за издржување 17-годишна казна затвор

Полициски службеници утрово на улицата „Гостиварска“ во Ѓорче Петров привеле 65-годишна осуденичка од Скопје, која била барана со потерница за издржување казна затвор во траење од 17 години за сторени кривични дела – измама и даночно затајување.

Б.П. била спроведена во затворот Идризово на издржување на казната.

фото: Архива

На почеток