Македонија

Мицкоски со порака до ДУИ: Барањето за албанец премиер може да го задржите само во сопствените редови за мотивација на членството

Демократската унија за интеграција изгледа се чувствува прекомфорна и комотна во оваа тригодишна коалиција со СДСМ и мисли дека начинот на кој што функционира со СДСМ такви се сите останати политички партии. Она кое што сакам да им го порачам еве и на нив овде од Куманово е да внимаваат како се однесуваат бидејќи на Македонците но и на останатите граѓани во Македонија им е дојдено веќе преку глава да бидат граѓани од втор ред и таков тип на барања може да ги задржат само во сопствените редови за храбрење и мотивација на сопственото членство, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, а во врска со изјвата на ДУИ да има Албанец премиер.

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се обраќа на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност во Македонија и ќе ја искористам оваа прилик да им се обратам и ним како политичка партија дека ваквата реторика и ваквиот начин на однесување не само што не носи добро туку напротив ја заострува ситуацијата во нашата држава. Ние ќе одговориме соодветно затоа што поминаа времињата кога ДУИ ќе се чувствува комотно и романтично во Владата на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е победник на следните предвремени парламентарни избори заедно со Коалицијата „За обнова на Македонија“ и како што кажав на почетокот од овој одговор преку глава им е на Македонците но и останатите граѓани во оваа држава да бидат граѓани од втор ред. Доаѓа вистинска обнова и доаѓа вистинската сила и на Македонците но и на останатите граѓани во Македонија, после 15-ти јули во Владата на Република Македонија и ќе им порачам да внимаваат од сега па натаму како се однесуваат и какви пораки рефлектираат во јавноста затоа што тоа не е добро за сите етнички заедници вклучително и за албанската етничка заедница  во нашата држава, истакна Мицкоски.

 

На почеток