Актуелно

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со предвремена кампања, без маски, дистанца, со групирања

Несериозниот и неодговорен однос кон здравјето на граѓаните во време на сериозна здравствена криза од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжува. Откако Мицкоски неколкупати демонстрираше непочитување на протоколи и мерки задолжителни во време на епидемија, како седење во кафана во затворен дел, посета на теретана кога тие се забранети за работа , следно се организирањето на собири на граѓани исто така без почитување на задолжителните заштитни мерки, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.
По партискиот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче кога и самиот Мицкоски ја прекрши забраната за собири и учествуваше во масовен собир каде што имаше и физички поздравувања, без дистанца, а маски ретко кој и да носеше, вчера со ново сценарио опасно за здравјето на граѓаните.
Имено, на посетата во Струмица , Мицкоски и членови на ВМРО-ДПМНЕ повторно на дело со прекршување на задолжителните мерки на дистанца, неносење маски и групирање.
Но, како тоа да не беше доволно, Мицкоски пред јавноста изјави дека ВМРО-ДПМНЕ за време на кампања ќе биде меѓу народот,нема да се крие зад цитирам: сметачките машини, позади екраните, туку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заедно со народот и во следните 25 дена и во оние 20 дена кои што ќе бидат дел од кампањата, и на крај со порака граѓаните да ги  очекуваат.
Уште еден доказ во низата дека за оваа партија не важат никакви правила е и вчерашното делење на флаери на поставените штандови од нивна страна што де факто значи и предвреме започнување со изборната кампања која треба да започне на 24 Јуни.
ВМРО-ДПМНЕ од една страна бараа одложување на изборите ,купуваа денови,а како изговор ги ставаа граѓаните, а од друга страна тераат предвремена кампања без заштитни мерки, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

На почеток