Слајдер

Трагедија во Србија – почина европска шампионка во стрелаштво

Српскиот стрелачки сојуз вечерва објави дека европската шампионка Бобана Момчиловиќ-Величковиќ починала во текот на денешниот ден.

Бобана, која е актуелен првак на Стариот континент во стрелаштво во категоријата Зрачен пиштол на 10 метри имала компликации при породувањето пред двесеттина дена.

Ситуацијата дополнително се закомоплицирала во последните неколку денови и за жал докторите не успеаа да и го спасат животот.

Таа во февруари стана европски шампион во стрелаштво и тоа во дисциплината воздушен пиштол 10 метри, во која беше најдобра на ЕП во Вроцлав, Полска.

Бобана Момчиловиќ-Величковиќ има и други успеси на важни натпреварувања, а беше дел и од двете последни Олимпијади одржани во Рио де Жанеиро и Лондон.

фото: Курир.рс

На почеток