Македонија

Шекеринска: Да ја носите униформата со чест и достоинство

Убедена сум дека ова наше сојузништво и партнерство во кое покажавме дека се можни резултати на секој план, ќе продолжи како и денес. Да Ви посакам да ја носите оваа униформа со чест и со достоинство и како силно и секојдневно потсетување дека посветената работа секогаш носи резултат, нагласи министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната промоција на новите униформи за припадниците на Армијата, во скопската касарна „Илинден“.

Здравствената криза што го зафати нашето целокупно општество, рече  Шекеринска, не ги намали инвестициите во одбраната и секојдневните заложби, и покрај вонредната состојба, за реализација на една од покрупните набавки што се презедоа заедно со оклопните возила.

„Заедно во такво партнерство и таков сојуз ја испишавме влезницата за НАТО, заедно го вративме достоинството во оваа професија. Навистина сум горда на овие заеднички достигнувања“, рече министерката Шекеринска.

Според неа, последниот период од неколку месеци можеби е најсликовит пример зошто секогаш треба да вложуваме во Армијата.

– Верувам во партнерства и сојузи кои се потребни, прогресивни и принципелни, така влеговме во НАТО со работа со принципи со реформи и со резултати, потенцира Шекеринска.

Платата и приходите денеска во Армијата, истакна Шекеринска, се зголемени помеѓу 50 и 60 проценти. Зборуваме за нова опрема, веќе долго време, ги користите новите чизми, дневници се исплаќаат на сите и се втор пат зголемени, а колегите инженерци во оваа касарна по 16 години добија нови машини, кои видовме како им помагаат на граѓаните и како го модернизираат полигонот Криволак. Два објекти во оваа касарна се реновираат, истакна министерката.

– Ветив пред Вас повисоки плати, платите во Армијата растеа три пати, растеа сите приходи на сите припадници, ветив седум илјади денари станарина, денеска сите оние кои ги исполнуват условите примаат станарина повисока од осум илјади секој месец, истакна Шекеринска.

фото: Архива

На почеток