Актуелно

Почина холивудскиот продуцент Стив Бинг, паднал од 27-ми спрат, страдал од депресија поради карантинот

Холивудскиот продуцент Стив Бинг почина на 56-годишна возраст, откако падна од 27-от кат на зграда во Лос Анџелес, објави ТМЗ.

Според медиумите, Бинг страдал од депресија поради недостаток на човечки контакт за време на карантинот. Ни полицијата, ниту блиските на починатиот сѐ уште не ја потврдија оваа информација.

Бинг е познат по филмовите „Поларен експрес“ со Том Хенкс, „Фати го Картер“ со Силвестер Сталоне и документарецот на Мартин Скорсезе – „Блесок светлина“.

Продуцентот има две деца, Демјан Харли од врската со Елизабет Харли и ќерката Кира Бондер, која ги добил со поранешната професионална тенисерка Лиза Бондер.

фото: Stuff.co.nz

 

На почеток