Некатегоризирани

Јанушев: Ќе понудиме надеж, ќе понудиме иднина, ќе понудиме извесност

Игор Јанушев носител на изборна единица 3 денеска беше во посета на Велес од каде порача дека ВМРО ДПМНЕ со новата програма ќе понуди надеж иднина и извесност преку огромен број на проекти.

„Ќе понудиме надеж, ќе понудиме извесност и ќе понудиме иднина. Ги нудиме надежта извесноста и иднината го нудиме тоа преку зголемувањето на платите и пензиите, преку инфраструктурата изградба  на државата, преку конечно ставање на ред на нешто што беше камен на сопнување на сите претходни влади, а тоа е вистинска реформа во правосудството но исто така реформа во сите останати сектори  образованието, здравството и се она што е битно за сите луѓе кои што живеат во Република Македонија. Да не ги заборавиме земјоделците, културните работници, спортистите. Буквално за сите  имаме издвоено по огромен број на проекти.Дали е тоа денар  за спортистите и  денар  во културата, дали е тоа зголемувањето на пензиите за 20%, дали е приклучок на гасификација за буквално секое домаќинство без пари. Значи со еден вид на кампања која што ќе даде повеќе за секого“, истакна Јанушев.

Јанушев како носител на листата на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За Обнова на Македонија “  додаде дека исто така во програмата како за цела држава така и има проекти кои се од огромна важност и за Велес.

„Она што и те како е битно за Велес е инфраструктурата како еден особено значаен проект за велешани е поврзувањето на Велес преку Прилеп и Битола со грчката граница. Но, исто така да не заборавиме дека исто толку битно е поврзувањето со коридорот 8 и конечно довршување на експресните патишта кои што за жал за 3 години од страна на оваа неспособна власт останаа на истото ниво на кое што беа и пред 3-4 години. Така да она што можам да го ветам пред велешани е еден чесен и искрен пристап еден директен пристап каде што се она што ќе го ветиме и што ќе го кажеме пред граѓаните ќе го исполниме во следните 4 години“, истакна Јанушев.

видео: ВМРО ДПМНЕ

На почеток