Македонија

Зибери му се спротистави на Филипче: Јас сум кандидат за пратеник и имам право да имам политички ставови

Арбен Зибери, директор на Центарот за јавно здравје-Скопје преку социјалните мрежи му порача на министерот Венко Филипче кој најави негово разрешување, дека никогаш не ја злоупотребил институцијата со која менаџира. Зибери упати и критики кон Филипче, а најавата за негово разрешување смета дека има изборна позадина.

„Министер Филипче, престанете да ја злоупотребувате говорницата на Владата за изборни цели. Јас сум кандидат за пратеник и имам право да имам политички ставови на мојот личен профил на ‘Фејсбук’. Но и покрај ова, во ниту еден момент не ја злоупотребив институцијата со која раководам, нешто што за жал го прави министерот Филипче со овие изјави, кои имаат изборна позадина“, пишува Зибери.

Претходно, Зибери на социјалните мрежи објави дека како член на Комисијата за заразни болести, дал придонес за отворање на границите, со цел, тие да дојдат и да гласаат за Албанец да биде избран за премиер.

фото: Архива

На почеток