Македонија

(ВИДЕО) Петар Богојески: Груевски ни ја нудеше партијата во замена за азил

Петар Богојески беше еден од лидерите на т.н. Реформатори во ВМРО ДПМНЕ. Сега е на чело на Македонски Концепт и со таа идеа ќе се појави на парламентарните избори.

Секогаш важеше за човек на Калето и беше близок пријател со поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Џес Бејли. Ја имаше силната поддршка на меѓународната заедница и на американската дипломатија во Скопје во процесот на симнување од власт на Никола Груевски.

Во ова интервју Богојески кажува некои ексклузивни пикантерии поврзани со тие тајни преговори за заминувањето на Никола Груевски од кормилото на ВМРО ДПМНЕ, па дури ја пласира тезата дека во тој проицес на примопредавањето на власта, на еден месец пред Преспанскиот договор на реформаторите им било понудено тие да ја превземат партијата.
Според Богојески таа понуда дошла од близок човек на Груевски а сега еден од највисоките функционери во врвот на ВМРО ДПМНЕ. Како што кажува Богојески во тие преговор Груевски барал азил за себе и за четири свои соработници меѓу кои не се ни Сашо Мијалков, Миле Јанакиевски или Гордана Јанкуловска.

Деталите за бегството на Груевски во Будимпешта, според Богојески, биле договарани во канцеларијата на еден од најмоќните луѓе во државата во неговата канцеларија во Собранието на Македонија.

Во интервјуто Богојески зборува за обвинувањата дека е неоврховист и бугарофил, дека е човек на Калето кој треба да оневозможи Мицкоски да победи на овие избори, за улогата на Отец Партениј во процесот на бугаризација на Македонија, дали бугарската држава стои зад снимените видеа во аферата Рекет.

Богојески негина дека е човек на Сашо Мијалков и тврди дека Христијан Мицкоски е во сопственост на Мијалков.

Едно контроверзно и тврдо интервју кое вреди да се погледа!

 

To Top