Македонија

ДКСК: Не постојат правни пречки за разрешување на Зибери

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска вели дека не постојат правни пречки за разрешување на директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје , Арбен Зибери.

„Ние како комисија не гледаме правни пречки за да се спроведе мислата на министерот, дотолку повеќе што во забраните во изборниот законик и во нашиот закон стои дека се забранува покренување постапка за престанок на работен однос. Тој ќе се промени од функцијата, но неговиот работен однос ќе си продолжи и понатаму како што си работел пред да биде директор. Законот вели дека е забрането започнување на постапка за вработување или за престанок на работен однос, значи за престанок на работен однос, а не за престанок на функција“, истакна претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска во изјава за Канал 5.

Инаку министерот за здравство Венко Филипче најави дека Зибери ќе биде сменет од функција поради неговата изјава во која тој се пофали дека издејствувал Комисијата за заразни болести да предложи отворање на границите со цел да се вратат иселениците и да гласаат на избори за премиер Албанец.

фото: Архива

To Top