Македонија

Маж им се заканувал на медицински лица од поликлиника Ѓорче Петров

Скопјанец им се заканувал и понижувал здравствени работници во поликлиниката Ѓорче Петров, информира МВР.

-Изминатата ноќ во 00:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во поликлиника Ѓорче Петров на бул. Партизански Одреди, 47-годишниот Р.И. од село Кондово, скопско го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување и закани по животот на 36-годишниот М.Б. од Скопје и М.К., вработени како медицински лица во поликлиниката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

фото: Архива

На почеток