Македонија

(ВИДЕО) Караванот на “Македонски концепт“ ги посети општините од втората изборна единица, Ѓорче Петров, Гази Баба и Куманово

Караванот на Македонски концепт вчера ги посети општините од втората изборна единица, Ѓорче Петров, Гази Баба и Куманово. Пред присутните се обратија носителот за ИЕ1 Петар Богојески и носителот за ИЕ2 Снежана Костадиноска-Милошеска.

„Пораката која ја испраќаме е иста. Целта на овие посети е директна средба со граѓаните каде ќе ги пренесеме сите наши ставови и проектите од нашата програма. За Ѓорче Петров најзначајни ќе бидат проектот за обештетување на граѓани и проектот за потекло на имот на Политичари, бидејќи Ѓорче Петров е позната општина во која неколку политичари преку ноќ се збогатија и од пекари станаа милионери. Токму поради тоа за оваа општина добро ќе дојде нашиот проект за потеклото на имот на сите политичари во земјава. Би сакал да испратам една порака до нашата политичка конкуренција која започна со нечесна кампања, со злоупотреба на изјави од минатото, злопотреба на нашиот проект јазиците на Македонија и користењето на сите јазици во земјата . Потпишавме кодекс за фер демократски и европски, а ова што го гледаме е се само не се европски избори. Продолжија политичките закани врз нашите активисти. Продолжија навредите по социјалните мрежи и сетоа тоа организирано во партиите и продолжи негативната кампања која дополнително ќе се одрази за намалено излезност на овие избори. Апелирам под итно да престане ова однесување поготово на двата големи политички блокови во земјава“, истакна меѓу другото носителот за ИЕ1 Петар Богојески.

„Ние како Македонски концепт ќе се бориме за порамномерен регионален празвој. Не е фер сите средства и сите активности да се одвиваат само во Скопје и само во Општина Центар, а останатото да биде пасивно И безнадежно. Ние мора да ја обновиме цела Македонија да се развива соодветно. Жано е општина Ѓорче Петров на само 7, 8 километи од центарот да биде општина која не го следи развојот од Центарската општина. Заради тоа мора да се фокусираме не вистинска децентрализација во Македонија“, истакна меѓу другото носителот за ИЕ2 Снежана Костадиноска-Милошеска.

Богоевски од Куманово кажа дека овој град е со своја специфика, затоа што секога гласа за иста партија.

„Секогаш гласаат за СДСМ, но секогаш исто се иселуваат од овој град. Време е граѓаните да поддржат единствено граѓански кандидати, време е да поддржат многу поинакво поведение во политиката и последна шанса е да превземеме се што можеме за да престане ова масовно иселување од сите градовви од Македонија. Куманово мора да препознае разлика и да го поддржи бројот 10, затоа што ова е последна шанса да смениме нешто во оваа наша држава и да живееме во нормална држава“, истакна меѓу другото Богојески од Куманово.

Видео Македонски концепт

To Top