fbpx
пет. Јул 3rd, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Српскиот министер за одбрана Вулин – позитивен на коронавирус

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, е позитивен на коронавирус, пренесува Нова.рс.

Србија вчера забележа нов скок во бројот на новозаразени со коронавирус. Од 8.495 тестирани, регистрирани се 193 случаи.

Заменик директорката на Клиниката за инфективни болести, Ивана Милошевиќ, изјави за РТС дека во таа клиника во моментов има 90 пациенти.

Во последните четири дена, Србија бележи трицифрено зголемување на бројот на новозаразени.

 

фото: Архива