Скопје

Вучиќ сака да биде тренер по кошарка, ја откри професијата по политичката кариера

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за српски „Курир“ вели дека доколку не е политичар би сакал да биде тренер по кошарка.

„ Би се обидел да работам многу внимателно. Моја неисполнета желба е да тренирам деца. Во некој клуб, земунски „Младост“ или некој од Ушче. Некои пионери или кадети, деца. Тоа ми е најголема желба, вели Вучиќ и додава:

„ Но за тоа морам да се запишам на виша тренерска школа, па тоа ми е планот во наредниот период. Можете и да следите како ги полагам испитите. Но сега ми рекоа дека тука има некои проблеми, поинаку е од порано. Ако успеам, можеби еден ден и ќе го остварам својот сон…“ изјави српскиот претседател.

фото: Архива

На почеток