fbpx
вто. Јун 30th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

114 годишен монах од Етиопија го победи коронавирусот

Монах стар 114 години од Етиопија го победи коронавирусот и излезе од болница. Семејството на монахот Тилахун Волдмајкл тврди дека тој има 114 години, што значи дека е тој најстариот човек во светот, но како што пишуваат медиумите нема документ со кој може да го потврди тоа.

Лкарите велат дека најранливата група луѓе се оние постари од 80 години, а овој стогодишник, монах на етиописката православна црква, е отпуштен од болница по помалку од три недели.

„ Додека бев во болница се молев на Бога за здравје. Плачев и се молев целата земја повторно да биде здрава“ рекол монахот за Би-би-си.

Тилахун дознал дека е позитивен на коронавирус во спорадично тестирање спроведено во неговото соседство во Адис Абаба и бил примен во болницата пред да се појават симптоми на болеста, што му даде можност на лекарскиот тим внимателно да го следи од самиот почеток.

Штом се појавија симптомите, тој доби кислород, антибиотик и дексаметазон, ефтин и широко достапен стероид за кој англиските истражувачи велат дека го намалиле бројот на смртни случаи на сериозно болни пациенти за една третина.

Болницата не може да потврди дали старецот е навистина 114 години, но според мислењето на лекарскиот тим, извесно е дека е постар од 100 години. Лекарите процениле дека тој имал 109 години.

Сега дома за него се грижи неговиот внук, кој изјавил дека неговиот дедо се чувствува и изгледа добро и покрај неговата возраст, и дека неговиот глас само ослабел малку после болеста.

фото: Medical Xpress