Македонија

(ВИДЕО) Фатени на дело како крадат цвеќе од двор на фирма во Кичево

Безбедносни камери снимија како три возрасни жени крадат цвеќе од двор на фирма во Кичево. Од снимката се гледа како тие откако ќе го искорнат цвеќето од бетонска саксијата, влегуваат во автомобилот со скопски регистарски таблици и заминуваат.

Објавувачот на материјалите пишува дека жените кои го украле цвеќето застанале да направат пауза. Во моментот кога една од жените го корне цвеќето, другите две чуваат стража за да некој не ги види. Откако ќе го откорнат цвеќето, поради тоа што им приоѓаат неколку лица, една од нив го остава во бетонската саксија, правејќи се дека ништо не се случува. Потоа, тие продолжуваат со крадењето и цвеќето го ставаат во најлонска ќеса, а мажот кој ги превезува, се качува во автомобилот и тие заминуваат.

фото: ФБ

На почеток