Македонија

Комисијата за заразни болести даде зелено светло за концерти

Министерот Венко Филипче, истакна дека е спремен протоколот за организирање настани, во кои спаѓаат и музичките концерти, што било договарано на минатонеделните средби со здруженијата на музичари и здруженијата кои организираат на настани. Филипче истакна дека комисијата за заразни болести денеска дозволи да се организираат настани.

„Денеска се дозволи да се организираат настани. Капацитетот да биде пополнет не повеќе од 50 проценти на местото каде се органиизира настанот и картите да се продаваат електронски за да не се прават гужви и редици, а исто така задолжително да се носат маски. Станува збор за одличен протокол и здруженијата земаат обврска, што е за пофалба, сами да го контролираат спроведувањето на мерките таму каде што се организираат“, рече министерот.

фото: Архива

На почеток