fbpx
сре. Јул 1st, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Започна пријавувањето за гласање за изборите на лицата со Ковид-19, во самоизолација и хронично болните

SKO23 - 20020915 - SKOPJE,MACEDONIA: A Skopje citizan casts his voting ballot in polling box sticked by Macedonian flag, during parliamentary elections on Sunday 15,September,2002 .EPA PHOTO/GEORGI LICOVSKI

Почнува пријавувањето до Општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за гласањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Известувањата се доставуваат до општинската изборна комисија најдоцна до 8 јули на полноќ, информираат од ДИК.

Известувањето може да се даде лично, преку полномошник или по електронски пат на интернет адресата на општинската изборна комисија. Задолжително е и да се достави копија од Решение на Државен санитарен и здравствен инспекторат, како и копија од медицинска документација од специјалист, со која се потврдува здравствената состојба.

Овие лица ќе гласаат во своите домови на 14 јули (вторник).

фото: Архива