Радмила, нити нешто знаеш нити нешто конкретно си сработила во твојата очајна политичка кариера. Плажата е дадена под концесија во време на СДС и градоначалникот Ацо Петрески за помалку од 50 илјади денари годишен закуп. Другар ви Коста лошо ве информирал. Единствено што знаете е да ширите пропаганда, невистини и злоба. Додека вие и вашите полтрончиња метастазиравте во транзицијата, ние младите од Охрид бевме скромни и чесни деца од родители стечајци во фирмите кои криминално ги приватизиравте.Родители кои останаа без работа во време кога требаше да не извадат на прав пат и школуваат. Не знаевме што е годишен одмор на море ама преубав и доволен ни беше нашиот Охрид и воопшто не жалиме. Додека вие ја цицавте државата и граѓаните уште од време на Бранко, ние одевме трнлив но чесен пат и денес сме тука со чисто лице и без товар, напиша на својот профил Сашо Донев од ОК ВМРО ДПМНЕ.
Донев во својата објава додава:
Затоа врати се Скопје и не проповедај на терен кој проплакал од вас. На 15ти јули е правиот момент за конечно да ве пратиме на буништето на историјата каде одамна веќе припаѓате, заедно со сите транзициски политичари и профитери од вашето неславно минато, напиша Донев на ФБ.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10220922395707334&set=a.1233635078696&type=3&theater
