Свет

Русите ги поддржаа измени во Уставот, дури 72 проценти од гласачите му дадоа зелено светло

Мнозинството руски граѓани гласаа за измени во Уставот што ќе му овозможат на претседателот Владимир Путин да остане на власт до 2036 година.

За прв пат во Русија гласањето траеше една недела со цел да се зголеми излезноста на граѓаните, но и да се намалат толпите на избирачките места поради пандемијата на коронавирус.

До затворањето на гласачките места во Москва и повеќето други делови во западна Русија, вкупниот од одзив бил 65%, според официјалните лица задолжени за следење на референдумот.

Во некои региони, гласале дури 90 проценти од лицата со право на глас.

фото: Архива

На почеток