Македонија

Македонскиот станува официјален јазик на Европската Унија

Во Предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија што денеска ја усвои Европската комисија, одредницата што се користи за именување на јазикот е – македонски (Macedonian), без никакви дополнителни објаснувања или фусноти, дознава „360 степени“. Ова се смета за чин на официјално признавање на македонскиот јазик на ниво на ЕУ и негова промоција во еден од официјалните јазици на Европската Унија во иднина.

Северна Македонија ќе мора да го преведе заедничкото европско право (acquis communautaire) на македонски пред официјалното зачленување во Европската Унија, пишува, како што дознаваме, во Предлог-преговарачката рамка, објави „360 степени“ .

Прашањето за македонскиот јазик беше формално затворено со Договорот од Преспа, како клучна идентитетска одредница за етничките Македонци од Северна Македонија.

Текстот во целост на: „360 степени“

На почеток