Свет

Почина оскаровецот Енио Мориконе

Во 91 година од животот утрово почина Енио Мориконе, италијански композитор, кој е автор на музиката за познатите филмови  „Професионалец“ и „Беше днаш во Америка“.

Енио Мориконе го отвори 49-тото издание на „Охридско Лето“ диригирајќи со филхармонијата на Антички театар во Охрид.

Мориконе освои две награди Оскар, една во 2007 година и друга во 2016 година и беше светски познат по неговото партнерство со Серхио Леоне, создавајќи саундтракови за филмови како што се ‘За неколку долари повеќе’ и ‘Добрите, лошите и грдите“.

Мориконе почнал во Рим, откако по компликации кои ги добил минатата недела кога паднал и ја скршил бедрената коска.
Композиторот и диригент во текот на неговата славна кариера има напишано музиката за над 500 филмови.

фото: enniomorricone.org

 

На почеток