Mилиони луѓе се загрозени од силните дождови и поплави коишто ја зафатија Кина, особено местата лоцирани на реката Јангцекјанг, а нивото на заштита од поплави е подигнато на втор степен.
Многу пороен дожд паѓа веќе два дена во Вухан и околината, а во некои делови, паднаа дури 250 милиметри дожд за 24 часа, или 250 литри на метар квадратен, објави „Ксинхуа“. На многу места, реките го преминале нивото на одбрана од поплави, а во Вухан се борат да го спасат градот од поплавување.
Најризично е во провинцијата Хубеи, каде главен град е Вухан, кој до неодамна беше најтешко погоден од коронавирусот.
#Wuhan. 武汉武昌虎泉,保利华都 pic.twitter.com/44nyH8kLEq
— Jennifer Zeng 曾錚 (@jenniferatntd) July 5, 2020