Полицијата во Белград успеа да ги растера утрово демонстрантите кои од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека повторно може да биде воведен полициски час поради порастот на бројот на заразени од новиот коронавирус.
Во интервенцијата полицијата користеше специјални сили за разбивање демонстрации, полицајци на коњи, во оклопни возила и голем број лица во цивил.
Протестот почна со само неколку стотици учесници, и подоцна се собраа илјадници. Дел од демонстрантите влегоа во зградата на Собранието, се случија инциденти и судири со полицијата.
Демонстрантите фрлаа со јајца, камења, пластични шишиња и факели кон полицијата, десетици контејнери беа запалени, а според првите извештаи има и повредени од двете страни.
Локалните теллевизии во живо на емитуваа од напади врз полицијата, но и бруталност на полицијата во цивилна облека и апсењето и тепањето демонстранти.
Најмалку две полициски возила беа запалени. Откако доби засилување, полицијата ги потисна демонстрантите од платото пред српскиот Парламент кон околните улици во околу два часот по полноќ. Протестот почна пред 21 часот кога се собраа неколку стотици демонстранти, на кои им се придружија неколку илјади по повикот на социјалните мрежи, а група демонстранти ја пробија вратата и влегоа во зградата на Парламент.