Слајдер

Телма: Кој со кого би коалицирал доколку победат?

Лидерот на ДУИ Али Ахмети не исклучува коалицирање со СДСМ, односно според него најдобро е на изборите да победи СДСМ, објави Телма.

  • Најдобро е да победи актуелниот партнер без оглед на неговите јавни изјавидека сака ДУИ да биде во опозиција, изјави во ТОП ТЕМА, лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Заев сепак вели дека не би коалицирал со ДУИ доколку СДСМ победи на изборите и би било добро инегративците да заминат во опозиција.

  • Уцени не прифаќаме, тие јасно испорачаа уценувачка порака, моја желба е ДУИ да оди во опозиција. Ако постојат други опции ќе ги искористиме, изјави Заев.

Ваквата предизборна реторика на СДСМ и ДУИ, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села ја смета за договорена.

  • Груевски и Ахмети се препукуваа за време на изборите, а другиот ден немаа никаков проблем да продолжат да прават Влада, по иста логика сега е и оваа игра помеѓу СДСМ и ДУИ, вели Села.

Запрашан за обвинувањата кон коалицијата на СДСМ со БЕСА дека заговараат федерализација на Македонија, и што пак доколку се случи да ВМРО-ДПМНЕ мора по изборите да коалицира со БЕСА, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека до неговата партија стасале информации за заговарање на федерализација, објави  Телма.

  • Познавам многу албанци, турци, кои не сакаат ова да се случи , кои си ја сакаат Македонија, ваква каква што е Унитарна. Но има и такви сили кои заговараат и такви планови за во иднина, изјави Мицкоски во ТОП ТЕМА.

Кој со кого ке коалицира? Какви се комбинаториките за составување на влада? На овие и други прашања вечерва во Топ Тема одговараат лидерите на СДСМ – Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, ДУИ – Али Ахмети и Алијанса за Албанците – Зијадин Села. Интервјуата ќе се емитуваат вечерва од 19.20.

извор: Телма.

 

На почеток