fbpx
пон. Авг 3rd, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Јанушев: Заев ги ветуваше Гугл и Фејсбук како инвестиции, но веројатно за тоа зборувал со некој пранкер

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“ се осврна на актуелните теми во предизборието и приоритетите со кои ќе стартува обновата.

Јанушев се осврна на економијата и што се мора да се направи за земјоделието.

„Се обврзуваме  дека годишно ќе има 160 милиони годишно за субвенции, но тоа е важно само ако се исплати навремено, ќе воведеме механизам редовно да ги добиваат субвенциите. Потоа проблемите со откупот на земјоделските производи ќе се надминат, ќе има инвестиции од 80 милиони евра во системи за наводнување бидејќи тоа е голем проблем особено во делот околу Градско и на патот кон кочанско, ќе ги поедноставиме поедноставиме процедурите за субвенции и ИПАРД програмите, ќе се работи на формирање на откупни центри и ве уверувам се што е кажано ќе го реалзираме, имаме план како ќе тече тоа“, рече Јанушев.

Се што кажуваме имаме и методологија како ќе го реализиарме, рече Јанушев и додаде дека тука се гледа разликата со СДСМ кои ги ветуваат  и Гугл и Фејсбук.

„Но, веројатно Заев и за овие инвестиции говорел со некој пранкер“, рече Јанушев.

Јанушев кажа дека освен економијата приоритет е и реформа на правосудството.

„Кажавме дека мора да се стартува со ветинг меѓу политиларите. Претседателот Мицкоски рече дека ќе биде прв, еве јас се пријавувам за втор, нопотоа нора да го видиме и потеклото на имотот на другите политичари. По ова ќе видиме кој ќе остане на политичката сцена. А работите се јасни сите слушнаа каде завршувале и парите, тоа го кажа Бојан Јовановски,  а никој од надлежните не изреагира.

Затоа ветуваме целосна реформа на обвинителството и судството, мора да се стави крај на нивната политика на Луј Витон обвинителство и трас-трас судство, мора да одговара секој што се огрешил пред законот“, кажа Јанушев.