Македонија

Почна изборниот тридневен молк

Заврши изборната кампања во која кандидатите имаа 20 дена да ја презентираат својата понуда пред граѓаните, а од вечерва од 12 часот започна изборниот молк кој ќе трае до среда до 21 часот.

Во понеделник гласаат лицата кои се во изолација поради пандемијата на коронавирусот, а во вторник болните и изнемоштени лица. За прв пат гласањето ќе трае три дена.

На самот изборен ден, граѓаните ќе можат својот глас да го дадат до 21:00 часот.

Во Македонија ова се десеттите парламентарни избори од осамостојувањето.

 

На почеток