Свет

Хрватска ги заостри мерките, од денеска задолжително носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во кафулињата и рестораните. Поради зголемениот број случаи на коронавирус, на сила стапи и новото правило за собири со повеќе од 100 луѓе кое подразбира посебен режим на однесување кое ќе го контролира цивилната заштита и полицијата.

На сила веќе стапија и построги мерки на границите според кои државјаните на сите земји-членки надвор од ЕУ за влез во Хрватска мора да имаат негативен тест на коронавирус не постар од два дена или ако немаат тест ќе мора да одат во 14-дневен карантин.

 

На почеток