Македонија

За 20 дена треба да се одржи конститутивна седница на Собранието

Најдоцна 20 дена од одржувањето на изборите треба да се одржи конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, а седницата ја свикува претседателот на претходниот состав, во случајот Талат Џафери.

Собранието ќе го сочинуваат 120 пратеници, кои ги претставуваат граѓаните и одлучуваат по свое уверување.

Согласно Уставот, пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. 

Во членот 63 од Уставот е предвидено, доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот назавршувањето на изборите.

 

На почеток