Македонија

Русковска тврди дека парите на бизнисмените завршиле во куќата на родителите од Боки 13

Имаме доста материјални докази кои главно произлегоа од вештачењето од телефонот на сега обвинетиот Бојан Јовановски. Што се однесува до парите кои се подигнати од страна на Лилјана Тодоровска и земени веднаш од обвинетата Кристина Блажевска, имаме точно локациски од вештачењето на телефонот дека завршуваат во куќата на неговите родители, имаме и слика имаме и локација, изјави обвинителката Вилма Рускоска денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Додаде дека имаат материјални докази што одат во поткрепа на обвинението, но и сведочења особено на Агапи Дика и на Лилјана Тодоровска,… за тоа како се одиграло потпишувањето на договорите, преговарањето во „Меѓународен сојуз“ и исказите на оштетените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски.

Рускоска рече дека на кратко во воведните зборови кажала дека тие се обврзале дека ќе обезбедат државно неизградено земјиште, а донекаде и субвенционирање од страна на државата.

-Подетлано за ова ќе видите од самите материјални докази, како и од сведочењата. Што се однесува до перењето пари исто така, не за Бојан, туку за осомничени Јасна Мандиќ и Миле Јовановски образложив зошто сметаме дека кај нив постои перење пари, односно дека парите што ги добил Бојан Јовановски по пат на измама им ги давал на нив да ги уплаќаат како позајмици или враќање на позајмици или донации на БМЈ медија груп, а склоп на оваа окмпанија беше и 1ТВ, рече Рускоска.

На новинарско прашање, Рускоска рече дека Бојан Јовановски се служи со лични квалификации.

– Тој е обвинет. Мене прво ме направи коруимпиран обвинител, па со ништо не успеа тоа да го докаже и секакви квалификации користи што не му доликуваат. Така да, јас кажав дека може да смисли еден девијантен пример, јас не реков кој. Јас никого до сега ниту во „Рекет“, ниту во овој предмет имам намера лично да навредувам затоа што тоа не е во правец на докажување на фактичка состојба. Бојан и во претходниот случај , а и сега се служи со лични квалификации, рече Русковска.

На почеток