Македонија

Манчевски го објави резултатот од тестот за коронавирус

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски добил резултат од тестот за коронавирус, кој бил негативен. Тој очекува втор негативен тест за да излезе од изолација.

„Првиот тест негативен. До сега водам во негативни тестови со 4:0. Да се надеваме на 5:0. Ако и вториот тест од оваа изолација биде негативен во недела, од понеделник назад во акција. На моите пријатели и колеги кои се позитивни им пожелувам брзо опоравување. Имаа многу слаби симптоми, кои веќе ги немаат и се надевам дека брзо ќе се покажат негативни на тестот. Чувајте се, бидете безбедни и почитувајте ги мерките за лична заштита“, напиша Манчевски.

На почеток